Дома Фудбал Италија Maлдини: Милан го водат луѓе кои не ја почитуваат неговата историја

Maлдини: Милан го водат луѓе кои не ја почитуваат неговата историја

Поминаа скоро шест месеци откако Паоло Малдини изненадувачки си замина од Милан, само една година кога со улогата на директор на клубот му помогна да стигне до шампионската титула.

Легендарниот дефанзивец во интервју за италијанските медиуми зборуваше околу заминувањето, но и ги критикуваше луѓето кои раководат со клубот.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


„Секако дека го сакам Милан, тоа е мојот клуб, меѓутоа овој клуб треба да им верува на луѓе кои знаат што значи Милан во Европа. Сега гледаме некој нов борд на директори кои никогаш не се идентификувале со Милан. Претседателот Скарони го гледавме како се радува на Скудетото, меѓутоа јас лично сум го гледал како си заминува од стадионот кога резултатот не е во наша полза. Историјата на Милан е голема и мора да се почитува“.

Често Малдини беше критикуван за доведувањето на Де Кетеларе, меѓутоа тој потсетува на фудбалерите кои тој ги довел, а значеле многу на клубот.

„Цело време трпев критики за тоа што го донесов Де Кетеларе. Од друга страна, никогаш не добив никаква пофалба што ги донесов Леао, Бенасер, Тео Хернандез… играчи што сега вредат неколку пати повеќе од онаа сума за која дојдоа во клубот“, истакна италијанската легенда.

Малдини имал план за голем успех во Европа, но не го презентирал затоа што клубот веќе ја донел одлуката да го отпушти.

„Сопствениците ми кажаа да направам план и стратегија за тимот да ја освои Лигата на Шампионите. Го направив тоа, но никогаш не го презентирав бидејќи Кардинале веќе имаше решено да ме отпушти. Фурлани ми се жалеше како клубот нема пари за летниот преоден рок… а откако ме отпуштија веднаш обезбедија двојно повисок буџет“, зборуваше Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Oфицијално: Премиер лигата му врати бодови на Евертон!

Дисциплинската комсија на Премиер лигата донесе одлука за намалување на казната на Еверон.…