Дома Фудбал Револуција во Милан: Модриќ ги пакува куферите – ова се причините!

Револуција во Милан: Модриќ ги пакува куферите – ова се причините!

Милан остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во последното коло загуби од Каљари со 1-2 на „Сан Сиро“, а тоа најави и голема револуција во калчолигашот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лука Модриќ би можел да си замине на крајот на сезоната затоа што нема да му се исполнат двата услови кои ги имаше поставено, а меѓу нив беше пласман во ЛШ, но и останување на тренерот Масимилијано Алегри, кој најверојатно ќе добие отказ.

Новинарот Николо Шира пишува дека иднината на Модриќ во Милан е неизвесна и во текот на следните денови ќе биде донесена конечна одлука.

Италијанските медиуми пишуваат дека од клубот треба да си заминат и Рафаел Леао, Кристијан Пулишиќ, Сантијаго Хименез, Никлас Фулкруг, Кристофер Нкунку и Мајк Мењан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Вардар има нов тренер!

Вардар денеска официјално го претстави новиот тренер, аргентинскиот стратег Кристијан Фаби…