Дома Фудбал Влаховиќ е најголемото промашување во историјата на Јувентус: „продавач на магла“ кој не направи ништо!

Влаховиќ е најголемото промашување во историјата на Јувентус: „продавач на магла“ кој не направи ништо!

Душан Влаховиќ и Јувентус не постигнаа договор за продолжување на соработката и 26-годишниот српски напаѓач го напушта Торино по четири и пол години.

Влаховиќ го чинеше Јуве скапо во изминатите четири и пол години и имајќи ги предвид конечните перформанси, навивачите на торинскиот клуб јасно велат дека Србинот е пропадната инвестиција.

Вкупната инвестиција околу Влаховиќ изнесуваше нереални 170 милиони евра. Ова ја вклучува и сумата на трансферот, која изнесуваше 84 милиони евра, и бруто платата што Србинот ја имаше во Торино.

„Продавач на магла. Момчето сериозно се прецени себеси, а е четвртиот најплатен напаѓач во Европа“, е еден од коментарите на навивачите на Јувентус, а другите потоа се редат еден по друг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар во Гостивар брка бодовно израмнување и прекин на предноста на Шкендија

Саботното дерби ги носи лидерот и актуелниот првак во директна пресметка со три бода разли…