Манчестер Сити неодамна ја освои титулата во Премиер лигата, а тоа им оди во прилог на неколку клубови, кои ќе инкасираат убава сума од „граѓаните“.
Имено, Манчестер Сити ќе им испрати 3.4 милиони фунти на Ливерпул, Тотенхем и на германски Шалке 04 по освојувањето на титулата во англиската Премиер лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул ќе добие 1 милион фунти како бонус од договорот меѓу двата клуба при трансферот на Рахим Стерлинг на „Етихад“ во текот на летото на 2015 година.
Тотенхем пак ќе земе 1,5 милиони фунти за слична клаузула за продажба на Кајл Вокер, а Шалке 04 заработува премија од 865 илјади фунти од трансферот на Лерој Сане.
Фудбалерите на Манчестер Сити пак ќе си поделат тимска премија од 10 милиони фунти за освоената дупла круна во англиското првенство и во Лига Купот