Дома Фудбал Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Почина славен голман кој бранеше во Премиер лигата

Поранешниот чувар на мрежата на Вест Хем, Квинс Парк Ренџерс и репрезентацијата на Чешка, Људек Миклошко, почина на 64 години откако се соочи со долгогодишна и тешка болест.

Миклошко остави неизбришлив белег во источен Лондон. За тимот на Вест Хем бранеше речиси 400 натпревари од 1990 до 1998 година. Фановите на „чеканите“ го обожуваа – неговата песна се слушаше од трибините и долго по неговото заминување од клубот. Подоцна, се врати како тренер на голманите.

Во декември 2024 година, по тригодишна исцрпувачка борба, донесе тешка одлука да прекине со лекувањето на ракот. Непосредно потоа се појави на Лондонскиот стадион на натпреварот против Ливерпул, каде што фановите му приредија неверојатен, херојски дочек кој расчуствува многу присутни.
Вест Хем исклучително емотивно се збогува со својата легенда преку соопштение:

– Со длабока и неопислива тага објавуваме дека нѐ напушти легендарниот поранешен голман и тренер Људек Миклошко. Почивај во мир, Људек, наш мил и инспиративен чувар на мрежата и нежен гиганте – стои во соопштението на англискиот клуб.

Јавноста ја доби потврдата и од неговиот син Мартин, кој ги потврди тажните вести:

– Скршени срца објавуваме дека мојот татко почина по храбра и достоинствена борба со ракот. Тато едноставно го сакаше Вест Хем, а најмногу му се радуваше кога го слушаше своето име како гордо одекнува на секој натпревар. Клубот и навивачите беа и секогаш ќе бидат дел од нашето семејство – ви благодариме на сите од срце.

Покрај престојот во Вест Хем, Миклошко одигра 57 натпревари за КПР, а за репрезентацијата на Чешка (и претходно Чехословачка) постигна 42 настапи.

Како што е најавено, Вест Хем ќе му оддаде почит на својот велик преку една минута аплауз пред претстојниот натпревар од Лига купот против Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресвртот не беше доволен: Залевски ѝ спаси бод на Аталанта во Фиренца

Фиорентина го сврте резултатот во второто полувреме, но Залевски и Де Кетеларе со по еден …