
Англиските гиганти Челси и Манчестер јунајтед водат голема борба за потписот на српскиот голгетер Душан Влаховиќ, кој си заминува од Јувентус како слободен агент.
Британските медиуми пишуваат дека Челси има предност во битката за 26-годишниот напаѓач, кој минатата сезона одигра само 1.162 минути и постигна 10 голови и две асистенции.
Како трета опција за Влаховиќ е Астон вила, која не е задоволна со ангажманот на Тами Абрахам и поради тоа сака квалитетно решение за нападот.
Влаховиќ и претходно се поврзуваше со неколку премиерлигаши, но тогаш остана во Јувентус.