Дома Фудбал Челси и Манчестер Сити блиску до договор за Фернандез!

Челси и Манчестер Сити блиску до договор за Фернандез!

Јавноста нетрпеливо го следи летниот трансфер период кој завршува, и се очекува некои спектакуларни зделки да бидат заверени, како што е случајот со аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.

Фернандез најверојатно ќе ги напушти редовите на Челзи до крајот на овој преоден рок, ако не се случи некој неочекуван обрат.

Можниот трансфер на Фернандез од Челзи до Манчестер Сити е топ-сензација на спортските страници во Англија.

Веќе еден период Фернандез се поврзува со преминување во Манчестер Сити, а последните гласини сугерираат дека овој трансфер би можел навистина да се оствари.

Според извори, двата клуба се близу до финализирање на договорот, и спремни се да уплатат околу 140 милиони евра, вклучувајќи бонуси на „Сините од Лондон“.

Фернандез се приклучи кон Челзи од Бенфика на почетокот на 2023 година и е под договор со клубот до летото 2032 година.

Минатата сезона тој одигра 54 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, при што постигна 15 гола и оствари седум асистенции.

Во неговата кариера со Челзи сумарно собра 170 натпревари, забележувајќи 30 голови и 31 асистенција, а покрај за Бенфика и Челзи, исто така играл и за Ривер Плата.

Фернандез ја освои УЕФА Конференциската лига и ФИФА Светското клупско првенство со Челзи, а со репрезентацијата на Аргентина триумфираше на Копа Америка и Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го сакаше и Барселона, но на крајот заврши во – Реал!

Реал Мадрид заврши уште еден трансфер на млад фудбалер, покажувајќи дека “кралскиот …