Дома Фудбал Англија Гвардиола откри зошто нема ВАР во Премиер лигата: Челзи и Јунајтед не сакаат!

Гвардиола откри зошто нема ВАР во Премиер лигата: Челзи и Јунајтед не сакаат!

На вчерашниот состанок меѓи 20-те преставници од премиерлигашките клубови се разгледуваше воведување на ВАР технологија во елитниот англиски фудбал, но на крај конечната одлука беше – НЕ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денес откри кои биле најгласните противници за да не се воведе ВАР системот во Премиер лигата.

„Мислам дека Манчестер Сити се сложи но други големи клубови како Манчестер јунајтед и Челзи беа против“, откри Гвардиола.

„Ништо страшно, убеден сум дека еден ден ќе се употребува ВАР, ова е неизбежно. Не само во Англија, туку во целиот свет. На судиите им треба помош, денешниот фудбал е многу побрз”.

„Еве еден пример, не знаеме дали беше пенал или не за Реал Мадрид на дуелот со Јувентус. На судиите не им е лесно. Мислам дека им треба помош. Меѓутоа во Англија треба да се сложат и останатите дека е така“, заклучи Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголеми аплаузи за Нејмар. Плачеше по натпреварот

Настапот на бразилската “десетка” во второто полувреме од мечот против Шкотска…