Дома Трансфер зона Жиру донесе одлука – се сели во Милано

Жиру донесе одлука – се сели во Милано

Трансферот на Оливие Жиру во Серија А е се поблиску откако Французинот донесе конечна одлука да се пресели во Милано.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Конте е во потрага по напаѓач кој ќе биде алтернатива на Лукаку и Мартинез, па Жиру најверојатно уште во јануари ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.

Лампард не смета сериозно на Жиру, но сепак нема да ја пропушти приликата да заработи, па за неговата слобода бара 7 милиони евра.

Жиру наводно веќе постигнал комплетен договор со „нероаѕурите“ и го чека јануари за да се пресели во Милано.

Французинот не добива минутажа оваа сезона на „Стенфорд Бриџ“, а сака да биде во форма за Европското првенство на лето, па тоа е најголема причина да се одлучи за промена на средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…