Според информациите од Италија, Оливие Жиру дефинитивно го напушта Милан на крајот од сезоната..
Најавите се дека Французинот од лето ќе стане играч на ФК Лос Анџелес и ќе игра во МЛС лигата. ФК Лос Анџелес е клуб кој постои само девет години, но веќе во своите редови има познати фудбалери, таму е и сонародникот на Жиру Уго Лорис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезоната во МЛС е усогласена со календарската година, за разлика од повеќето европски лиги, така што договорот на Жиру ќе истече практично на крајот на 2025 година.
Во редовите на Милан Жиру дојде од Челзи во летото 2021 година и се покажа како феноменална инвестиција бидејќи на 121 натпревар за Милан постигна 46 гола и додаде 20 асистенции за само 3 милиони евра.