Дома Трансфер зона Жиру замина од Милан и експресно беше претставен во новиот клуб

Жиру замина од Милан и експресно беше претставен во новиот клуб

Фудбалскиот клуб Лос Анџелес го потврди трансферот на Оливие Жиру кој во овој клуб пристигнува по истекот на договорот со Милан.

Жиру со американскиот клуб се обврза на верност до 2025 година со опција договорот да биде продолжен на уште една година. Францускиот пред два дена се збогуваше со Милан и многу брзо беше претсавен во новиот клуб.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Генералниот менаџер на Лос Анџелес, Џон Торингтон истакна дека трансферот на Жиру е голема работа за овој клуб.

„Понекогаш се шегувам дека постојат играчи кои би потпишал дури и никогаш да не играат на теренот, само поради она што го носат во соблекувалната. Таков играч е Жиру, тој е пример за професионализам, освои многу трофеи, но секогаш има желба за повеќе“, изјави Торингтон.

Кариерата Жиру ја започна во Гренобл, а потоа играч за Истр, Монпелје, Арсенал и Челси. Последните три сезони ги помина во Милан за кој постигна 38 голови, сезонава беше стрелец на 14. Во 2018 година со репрезентацијата на Франција каде што е најдобар стрелец во историјата со 57 гола на 131 натпревар го освои и Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…