Дома Фудбал Германија Баерн реагирал: Рибери му се извинил на новинарот кој физички го нападна

Баерн реагирал: Рибери му се извинил на новинарот кој физички го нападна

Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери му се извини на новинарот, Патрик Гију поради тоа што вербално и физички го нападна после натпреварот од 11-тото коло од Бундес лигата.

Во големото дерби на Бундес лигата, Баерн Минхен беше поразен од Борусија Дортмунд со 3:2. Францускиот новинар, наводно го обвинил Рибери за два примени гола, после што фудбалерот физички го нападнал.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Инцидентот го потврдија и од клубот, соопштувајќи деак ќе поработат на решавање на проблемот.

Како што јавуваат француските медиуми, Гију бил на разговор во Минхен, а Рибери лично му се извинил во присуство на претседателот Ули Хенес и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Клубот не соопшти дали Рибери ќе биде казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нотингем Форест донесе големо засилување во нападот

Арно Калимуендо го засили нападот на Нотингем Форест каде пристигнува од француски Рен. Фр…