Дома Фудбал Германија Четвртолигаш се шегува на сметка на Баерн: Не ја оправдавме фаворитската улога (ВИДЕО)

Четвртолигаш се шегува на сметка на Баерн: Не ја оправдавме фаворитската улога (ВИДЕО)

bayern

Германскиот четвртолигаш Родингаусен го намачи Баерн во 1/16 финалето на германскиот куп.

Се очекуваше Баерн без поголеми проблеми да стигне до победа, но на крајот славеа со резултат 2:1 и тоа тешко, што носи дополнителни проблеми за Нико Ковач пред продолжение од шампионатот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Момците од четвртата лига беа максимално расположени пред натпреварот со германскиот гигант, а нивното расположение очекувано се задржа и после средбата.

„За жал не ја оправдавме улогата на фаворит. Мислам дека имаме тренинг во 10 часот наутро, но не не знам со колку промили ќе се појавиме“, изјави стрелецот за голот на домаќините Линус Мејер.

Родингхаусен се натпреварот во германската регионална лига и се наоѓа на петтата позиција, а наводно нивните играчи имаат најголеми плати во овој ранг од натпреварување кои изнесуваат околу 5.000 евра.

https://www.youtube.com/watch?v=1cRjHjHdHtc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…