Фудбалерите на Баерн вчера на гостувањето во рамките од Бундес лигата го совладаа Шалке со 2:0.
Баварците значително ослабени пристигнаа на овој натпревар, но и покрај големиот број повредени играчи тие стигнаа до трите бода. Гостите поведоа уште во осмата минута со голот на Џејмс Родригез, конечните 0:2 ги постави Левандовски во второто полувреме.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После овој натпревар многу се зборуваше за момчето кое навивачите за Баерн, но се најде на трибината на Шалке. На почетокот беше збунет што се наоѓа на противничката страна, но на крајот помеѓу сината боја се појави црвен шал.
Ова момче покажа дека и покрај се стои зад својот клуб, а тоа ги воодушеви и навивачите на Шалке кои го поздравија со аплауз иако сигурно не се задовлни што нивниот клуб беше поразен.