Приоритет на Тотенхем во зимскиот преоден рок е да донесе напаѓач кој ќе биде замена за повредениот Хари Кејн, а на списокот на Мурињо имаше повеќе имиња.
Последните информации од Островот говорат дека раководството на „спарси“ започнале преговори со напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жиру не добива минутажа кај Лампард и е на излезна врата од „Стенфорд Бриџ“, па Мурињо во него гледа идеална замена за Кејн.
Французинот беше на чекор од трансфер во Интер, но „нероаѕурите“ во последо време го оладија интересот, па Тотенхем е спремен да ја искористи ситуацијата.
Тотенхем му предлага 1,5-годишен договор на Жиру и е спремен да плати 5 милиони фунти за неговиот потпис, сума која Челзи ја бара за неговата слобода.