Веќе подолго време се зборува за заминување на Оливие Жиру од „Стенфорд Бриџ“ бидејќи напаѓачот добива мала минутажа во Челзи.
Долго се зборуваше за негов трансфер во Интер, а последните денови беше поврзуван со трансфер во Тотенхем и Лацио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Челзи не успеа да донесе негова замена, па денес Лампард потврди дека Французинот останува на „Стенфорд Бриџ“ до крајот на сезоната.
„Оливие Жиру беше неверојатен како професионалец, но и како човек, во текот на целиот преоден рок. Среќен сум што останува со нас“, истакна Лампард.
Жиру оваа сезона запиша само пет настапи во Премиер лигата и се надева дека во вториот дел од сезоната ќе добива поголема минутажа.