Дома Трансфер зона Жиру сака да остане во Челзи

Жиру сака да остане во Челзи

Оливие Жиру беше на излезна врата од Челзи во јануарскиот преоден рок, но сега сака да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Жиру во првиот дел од сезоната не добиваше голема минутажа кај Френк Лампард и инсистираше да ја промени средината, но „сините“ не можеа да најдат замена па го задржаа Французинот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега ситуацијата се промени и Жиру сака да остане во Челзи. По повредата на Тами Абрахам, тој ги започна последните четири меча за „сините“, во кои постигна еден гол.

Останува да видиме дали Челзи на крајот на сезоната ќе му понуди продолжување на соработката бидејќи неговиот договор истекува на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…