На вчерашниот состанок меѓи 20-те преставници од премиерлигашките клубови се разгледуваше воведување на ВАР технологија во елитниот англиски фудбал, но на крај конечната одлука беше – НЕ.
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денес откри кои биле најгласните противници за да не се воведе ВАР системот во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека Манчестер Сити се сложи но други големи клубови како Манчестер јунајтед и Челзи беа против“, откри Гвардиола.
„Ништо страшно, убеден сум дека еден ден ќе се употребува ВАР, ова е неизбежно. Не само во Англија, туку во целиот свет. На судиите им треба помош, денешниот фудбал е многу побрз”.
„Еве еден пример, не знаеме дали беше пенал или не за Реал Мадрид на дуелот со Јувентус. На судиите не им е лесно. Мислам дека им треба помош. Меѓутоа во Англија треба да се сложат и останатите дека е така“, заклучи Пеп.