Дома Останати Кошарка Седум поени на Димитријевиќ во победата на Хувентуд со Басконија

Седум поени на Димитријевиќ во победата на Хувентуд со Басконија

Во седмото коло од Ендеса лигата тимот на Хувентуд славеше победа против бранителот на титулата во Шпанија, Басконија.

Хувентуд славеше со 83:82. Со звукот на сирената Баасас погоди тројка која беше петта за него од шест обиди за конечниот резултат. Против бранителот на титулата во Шпанија Хувентуд има скор од пет победи и два порази.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со седум поени за нешто повеќе од 14 минути поминати на теренот. Шут од игра имаше 2/11 и 3/3 од линијата за слободни фрлања. Покрај тоа додаде два скока и две асистенции.

Следното коло на 30. октомври Хувентуд ќе гостува кај Фуенлабрада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Невозможно е да го запрат: Погледнете како Вембанјама си поигруваше со кошаркарите на Хјустон (Видео)

Кошаркарите на Сан Антонио го совладаа Хјустон со резултат од 145:120 благодарение на уште…