
Мохамед Дабоне, еден од најперспективните млади кошаркари во Европа и член на Барселона, последниве недели е во фокусот на вниманието поради се погласните шпекулации околу неговата возраст.
Според официјалните податоци, Дабоне е роден на 21 октомври 2011 година, што значи дека оваа година ќе наполни 15 години. Младиот центар е висок дури 210 сантиметри и веќе важи за еден од најголемите таленти на европската кошарка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, некои медиуми и аналитичари ја доведуваат во прашање неговата службена возраст. Оваа тема ја опфати и специјализираниот портал за кошарка, BasketNews, кој наведува дека постојат сомнежи поради неговиот физички развој.
Mohamed Danone, al que muchos lo comparan con Giannis Antetokounmpo y Victor Wembanyama, ha obtenido la nacionalidad española
— Pasion Basket (@PasionBasketNBA) July 28, 2026
14 añitos tiene pic.twitter.com/fNlPrUy5Nk
“Кога ќе му го видите изгледот и физичкиот напредок во однос на возраста која е наведена, на некои им изгледа како нелогичност. Сепак, тој и понатаму се смета за еден од најголемите таленти на својата генерација,” известува BasketNews.
Во текстот се потсетува дека првите снимки од Дабоне станаа вирални кога, според официјалните информации, имал само 12 години и без проблеми заби преку обрачот. Се споменува и дека во некои африкански земји порано имало контроверзии во врска со евиденцијата на датумите на раѓање на спортистите, но нема никакви докази кои би потврдиле дека тоа е случајот и со Дабоне.
Порталот исто така истакнува дека младиот центар последниве години нема значително растено, што дополнително поттикна дискусии на социјалните мрежи.
Без оглед на шпекулациите, Дабоне продолжува да воодушевува на кошаркарскиот терен. Тој неодамна ја предводеше Барселона до првото место на јуниорската Евролига, каде што остваруваше просек од 17,2 поени, 5,8 скока и 1,2 блокади по натпревар, со индекс на корисност од 19,2. Во освојувањето на трофејот, соиграч му беше и српскиот кошаркар Никола Кустурица.
Важно е да се истакне дека до денес нема објавено никаков официјален доказ ниту пак некоја релевантна спортска институција утврдила дека Мохамед Дабоне ги фалсификувал податоците за датумот на раѓање. Сите тврдења за неговата возраст засега остануваат на ниво на медиумски шпекулации.