Дома Фудбал Тотенхем започна преговори со Гакпо

Тотенхем започна преговори со Гакпо

Тотенхем презема конкретни чекори за евентуалниот трансфер на крилото на Ливерпул, Коди Гакпо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според Фабрицио Романо, клубот од Северен Лондон стапил во директен контакт со претставниците на холандскиот фудбалер. Дали ќе се оствари овој трансфер, сепак најмногу зависи од Ливерпул и од тоа дали ќе успеат да го привлечат Бредли Баркола.

Според информациите од Холандија, Ливерпул ќе се согласи да го продаде Гакпо само со понуда над 70 милиони фунти. Медиа на Островот веруваат дека “црвените” нема да сакаат да се разделат со него ова лето, имајќи предвид дека тој може да игра и на врвот на нападот и во моментов е единствената замена за Александер Исаак за таа позиција, бидејќи Хуго Екитике ќе го пропушти првиот дел од сезоната.

Гакпо започна добро минатата сезона, но потоа не успеа да одржи високо ниво и постигна само седум гола во Премиер лигата, плус додаде и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат е следниот клуб на Душан Влаховиќ!

Претседателот на Бешикташ Серал Адали потврди дека турскиот великан води преговори со српс…