
Винисиус Жуниор првпат се огласи откако во последните денови се појавија бројни шпекулации за неговата иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилскиот репрезентативец медиумите сѐ почесто го поврзуваат со можен трансфер во Арсенал, додека преговорите со Реал Мадрид за нов договор сѐ уште не се завршени.
И покрај тоа, Винисиус се врати во тренинг центарот Валдебебас, каде што започна подготовки за новата сезона.
Пред да го почне првиот тренинг, изврши редовни медицински прегледи, а потоа се приклучи на остатокот од тимот.
При таа пригода даде и прво интервју во кое се осврна на соработката со новиот тренер Жозе Мурињо.
„Многу добро. Го запознавам новиот тренер, новите играчи и напорно работам на тренинзите. Тој сака да бидам ист како секогаш, а тоа е среќен, позитивен и да играм во мојот стил на фудбал”, изјави Винициус за Реал Мадрид ТВ.