Дома Кошарка Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за теренот, туку за неговиот живот надвор од кошарката.

Леброн би можел да живее во Њујорк и на натпреварите во Филаделфија да патува – со хеликоптер!?

Според “The Athletic”, четирикратниот MVP на НБА лигата разгледува можност да не живее во Филаделфија, туку да остане во Њујорк и на тренинзи и натпревари да патува – со хеликоптер.

Растојанието помеѓу Њујорк и Филаделфија изнесува околу 160 километри, а летот трае приближно 45 минути.

Цената на еден лет се проценува на околу 4.000 долари, па само за доаѓање и заминување на 41 домашен натпревар Леброн би издвоил повеќе од 300.000 долари за време на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…