Дома Фудбал Познат е следниот клуб на Душан Влаховиќ!

Познат е следниот клуб на Душан Влаховиќ!

Претседателот на Бешикташ Серал Адали потврди дека турскиот великан води преговори со српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, кој од почетокот на јули е без ангажман по истекот на договорот со Јувентус.

Првиот човек на клубот не сакаше да открива многу детали, но кратко порача дека разговорите со репрезентативецот на Србија се во тек. 

Влаховиќ за време на летниот трансфер период очекуваше понуди од најсилните европски лиги, првично од Премиер лигата, Ла Лигата и Бундеслигата, но бидејќи конкретни понуди немаше, Бешикташ се издвојува како еден од главните кандидати за неговиот потпис. Дополнителен адут на истанбулскиот клуб би можел да биде тренерот Винченцо Италијано, со кој српскиот голгетер успешно соработуваше во Фиорентина. 

Адали исто така објасни дека Бешикташ се откажа од доведување на Мохамед Салах бидејќи не сакаше да ги прифати финансиските услови на тој трансфер, со што клубот ослободи средства за потенцијален ангажман на Влаховиќ. Претседателот на турскиот клуб нагласи дека Салах не избрал друга средина наместо Бешикташ, туку дека одлуката за прекин на преговорите е донесена од нивна страна. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одлична атмосфера во Прилеп: Трибините полни, а Победа гази на теренот (Фото)

Фудбалот повторно привлекува големо внимание во Прилеп. ГФК Победа одигра фантастичен натп…