
Откако минатата недела англиските медиуми пишуваа дека Арсенал и Њукасл се договориле за Бруно Гимареш, се покажа дека не е баш така. Преговорите меѓу двата клуба продолжија. Вчера тие беа многу блиску до договор и денес веќе е постигнат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Топџиите“ ќе платат 75 милиони фунти за капитенот на Њукасл. Бразилскиот репрезентативец добил дозвола да отпатува за медицински прегледи. Гимареш замина во Шпанија, каде што „страчките“ се на припремен камп, но го чекаше договорот и сега веќе мисли на Арсенал.
Порано летово, играчот за врска изјави на раководството на Њукасл дека сака да премине во шампионот на Англија, ако пристигне соодветна понуда. Лондонците најпрвин понудија доста помала сума, а „страчките“ бараа повеќе, но на крајот двата клуба се договорија за 75 милиони. Поранешниот клуб на Гимарејш, Олимпик Лион, ќе добие 20 проценти од договорот, што е околу 6-7 милиони фунти.
Заминувањето на Бразилецот е уште еден знак дека клубот ќе ја промени сериозно својата трансферна политика, а навивачите се загрижени дека инвестициите на „Сент Џејмсис Парк“ ќе станат доста помали. Ова лето, Њукасл се раздели уште со Антони Гордон, кој премина во Барселона, и со Сандро Тонали, кој отиде во Тотенхем.