Дома Фудбал Јувентус се насочил кон напаѓач на Манчестер Јунајтед

Јувентус се насочил кон напаѓач на Манчестер Јунајтед

Иако веќе се засилија со тројца напаѓачи ова лето, Јувентус е подготвен да поднесе понуда и за напаѓачот на Манчестер Јунајтед Џошуа Зиркзее, јавуваат трансфер експертите во Италија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај тоа што сакаат да го продадат Нидерланѓанецот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да прифатат и позајмица, но со задолжителна опција за купување. Од друга страна, „Старата дама“ води интензивни преговори со неговите претставници, при што самиот Зиркзее е отворен за можноста да се врати во Серија “А”.

Клубот веќе долго време е поврзан со поранешниот најдобар стрелец на Болоња, а интересот е засилен по пристигнувањето на новиот спортски директор Фредерик Масара, кој е голем фан и го посакуваше уште во Рома. Ова значи дека можноста за доведување на Марко Пелегрино од Парма е ставена во втор план.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Барселона се договориле за цената на Торес

Трансферот на Феран Торес од Барселона во Пари Сен Жермен ќе биде финализиран за неколку д…