Дома Фудбал Ливерпул понуди 100 милиони евра за Баркола, ПСЖ веднаш побара уште 50 милиони

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Баркола, ПСЖ веднаш побара уште 50 милиони

Ливерпул го направи првиот конкретен чекор во обид да го донесе Бредли Баркола. Англискиот клуб му предложи на Пари Сен-Жермен усна понуда вредна околу 100 милиони евра. Парижаните ја одбија без многу размислување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Информацијата ја објави угледниот француски L’Équipe, според кој преговорите сепак не се прекинати. Двата клуба сè уште се обидуваат да најдат заеднички јазик. Баркола е означен како една од главните цели на Ливерпул во завршницата на летниот трансфер период.

Важно е да се нагласи дека Ливерпул уште не испратил официјална писмена понуда. Износот од околу 100 милиони евра беше презентиран за време на разговорите за да се испита ставот на ПСЖ. Одговорот на францускиот првак јасно покажа дека двете страни и натаму се многу оддалечени.

ПСЖ за својот 23-годишен крилен напаѓач бара повеќе од 150 милиони евра. Во таа сума ќе бидат вклучени фиксен дел обештетување и различни бонуси. Парижаните сметаат дека младоста, квалитетот и договорот на Баркола ја оправдуваат така високата цена.

Ливерпул моментално не е подготвен да ги исполни тие барања. На „Енфилд“ веруваат дека 150 милиони евра се превисока цена дури и за играч со потенцијал како Баркола. Затоа ќе се обидат преку преговори значително да ги намалат очекувањата на францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус се насочил кон напаѓач на Манчестер Јунајтед

Иако веќе се засилија со тројца напаѓачи ова лето, Јувентус е подготвен да поднесе понуда …