Дома Останати Кошарка Легендарен кошаркар спаси возач од запален автомобил во Белград (Видео)

Легендарен кошаркар спаси возач од запален автомобил во Белград (Видео)

Поранешниот српски кошаркар Милан Гуровиќ извлече маж од автомобил кој се запали денеска околу 15 часот во Нов Белград.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Несреќата се случи на крстосницата на улиците Војводјанска и Душан Вукасовиќ, каде Гуровиќ од своето возило забележа автомобил кој нагло сврте, се запира, и наскоро почна да гори. Возачот, 48-годишниот М. Ј., е префрлен во Ургентен центар каде е утврдено дека нема потешки повреди, но вдишал чад. Видеото од пожарот може да го погледнете ТУКА.

Според информациите од теренот, возачот не можел сам да излезе од автомобилот бидејќи му се заглавил безбедносниот појас. Гуровиќ веднаш се приближил до возилото во пламени, го ослободил мажот и го извлекол на безбедно непосредно пред да се запали целиот автомобил. На интервенцијата беа излезени седум пожарникари со две возила, а причината за пожарот сѐ уште не е утврдена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Леброн Џејмс ќе потроши еден куп пари за транспорт – ќе лета со хеликоптер до новиот тим!?

Една од најинтересните теми по преминот на Леброн Џејмс во Филаделфија не е врзана за тере…