
Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку денеска не се приклучи на тимот за предсезонскиот тренинг камп, потврдија од клубот. 33-годишниот фудбалер доби уште два дена одмор од „партенопеите“ по претходен договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во меѓувреме, агентот на Белгиецот работи на пронаоѓање нов клуб за Лукаку, соопштува Фабрицио Романо. Напаѓачот може да се приклучи на Атланта Јунајтед пред крајот на летото. Други клубови исто така покажуваат интерес. Искуствениот играч премина од Челзи во Наполи во август 2024 г. Тој постигна еден гол во седум натпревари во сезоната 2025/26. Неговиот договор со италијанскиот клуб трае до 30 јуни 2027 г.