Дома Фудбал Осимен му се нуди на европски гигант: Секогаш сум бил негов навивач…

Осимен му се нуди на европски гигант: Секогаш сум бил негов навивач…

Виктор Осимен сака да премине во Атлетико Мадрид и е подготвен да направи сѐ за да го оствари тоа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Информациите од Турција велат дека 27-годишниот Нигериец е подготвен да прифати намалување на платата и да се префрли во Атлетико Мадрид.

Тој моментално игра за Галатасарај, има висока плата и договор до летото 2029 година, но верува дека би можел да игра и во посилна лига како шпанската.

На ова укажува и фактот што Осимен јавно го пофали Диего Симеоне по средбата меѓу Галатасарај и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

„Отсекогаш сум бил негов голем фан. Сме се сретнале неколку пати. Неговиот стил на игра е агресивен, со јасен идентитет, кој Симеоне го гради со години. Тој точно знае какви играчи му се потребни за тој модел на игра и затоа сум импресиониран од она што го прави со години. Атлетико е еден од најдобрите тимови во Европа“, рече Осимен. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Барселона се договориле за цената на Торес

Трансферот на Феран Торес од Барселона во Пари Сен Жермен ќе биде финализиран за неколку д…