Дома Фудбал Реал и Лајпциг се договорија за Диоманде, кој станува најскапиот африкански фудбалер

Реал и Лајпциг се договорија за Диоманде, кој станува најскапиот африкански фудбалер

Реал Мадрид и Лајпциг за секој момент ќе го финализираат трансферот на Јан Диоманде на „Сантијаго Бернабеу“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата клуба, кои од вчера водат интензивни разговори, веќе се спогодиле, останува да се прецизираат некои детали, по што крилниот играч ќе добие зелено светло да отпатува за медицински прегледи. Според „Скај спортс Германија“ трансферната сума, со вклучени бонуси, ќе биде меѓу 130 и 140 милиони евра. Флориан Плетенберг објаснува дека двата клуба ги дојаснуваат самите структури на плаќањата.

За Лајпциг ова ќе биде рекордната продажба во целата историја на клубот. Диоманде пак ќе стане најскапиот африкански фудбалер воопшто, бидејќи сумата која ќе се даде за него ќе ги надмине 80-те милиони евра кои во 2019 година Арсенал ги плати на Лил за Никола Пепе.

Самиот Диоманде претходно денес пристигна во Австрија, каде што РБ Лајпциг е на подготвителен камп, но многу скоро ќе се упати кон Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лукаку бара нов клуб

Напаѓачот на Наполи Ромелу Лукаку денеска не се приклучи на тимот за предсезонскиот тренин…