
Атлетико Мадрид подготвува прва понуда до Тотенхем за Кристијан Ромеро во износ од околу 30 милиони евра. Аргентинскиот репрезентативец како стопер му даде предност на мадридскиот клуб пред Интер и сака трансфер, а ова е нов обид на Атлетико за да го доведе играчот што тренерот Диего Симеоне долго го посакува. Клубот се подготвува за реализација на трансферот со продавање на Матео Ругери и Нахуел Молина, што е предуслов за нови инвестиции, пишува Марка.
Атлетико работи на финансиските услови за да го обезбеди доаѓањето на Ромеро. Очекуваните заминувања на Ругери во Астон Вила и Молина во Рома се важни не само поради обештетувањето, туку и заради ослободување средства во буџетот за плати. Ромеро во Тотенхем има еден од поголемите договори, па за неговото ангажирање неопходно е да се создаде финансиски простор.
Минатото лето трансферот не се реализираше бидејќи Атлетико не беше подготвен да плати 55 милиони евра, колку што бараше Тотенхем тогаш. Иако Ромеро и сега е главна цел, клубот паралелно ја следи и состојбата со Нико Гонзалес.