Дома Фудбал Германија Румениге: Жал ми е што Рибери се повреди самиот себе

Румениге: Жал ми е што Рибери се повреди самиот себе

Французинот се враќа на фудбалските терени дури во јануари…

Еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, Франк Рибери ги повреди лигаментите на коленото и ќе биде надвор од терените најмалку три месеци, објави гигантот од Минхен.

Искусниот 34 годишен, Французин се повреди на гостувањето кај Херта, тим против кој Баерн одигра реми 2:2. Рибери се повреди без никаков дуел со противнички фудбалер, а еве што имаше да каже претседателот на германскиот клуб по повод повредата на фудбалерот.

„Жал ми е што Франк се повреди самиот себе, му посакуваме брзо опоравување“, изјави претседателот на клубот Карл Хајнц Румениге.

Добра вест за Баерн е што Рибери не ќе мора да оди на операција и ќе може веднаш да започне со опоравувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Џеко: Рома не можеше да добие подобар тренер од Мурињо

Напаѓачот на Рома, Един Џеко откри дека е среќен поради доаѓањето на Жозе Мурињо на кормил…