
Англискиот напаѓач Хари Кејн ја доби европската „Златна копачка“ по втор пат во својата кариера по исклучителната сезона со екипата на Баерн Минхен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
32-годишниот голгетер постигна 36 голови во 31 натпревар од Бундеслигата за време на сезоната 2025/2026, собирајќи 72 поени, со што заврши како водечки стрелец во сите домашни првенства во Европа.
На второто место во ранг-листата се најде Ерлинг Холанд од Манчестер Сити со 27 постигнати голови и 54 поени, додека Килијан Мбапе од Реал Мадрид го зазеде третото место со 25 голови и 50 поени.
Кејн ја освои „Златната копачка“ по втор пат во својата кариера, откако го подигна овој трофеј и во својата дебитантска сезона за Бајерн во 2023/2024, кога повторно реализираше 36 голови во германскиот шампионат. Тој стана 13-тиот играч кој ја освоил оваа награда повеќе од еднаш, приклучувајќи се на елитниот клуб, во кој членуваат уште Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Роберт Левандовски, Луис Суарез, Тјери Анри, Диего Форлан, Марио Жардел, Али Меккоист, Фернандо Гомеш, Дуду Георгеску, Герд Милер и Еузебио.
Супер-нападотелот уживаше уште една забележителна сезона годинава, постигнувајќи вкупно 61 гол и додавајќи седум асистенции во 51 натпревар во сите натпреварувања.