Како што стојат работите, Џејдон Санчо сепак нема да го засили Јувентус во овој преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Торинскиот клуб беше заинтересиран да го доведе репрезентативецот на Англија, но не ги прифати условите на Манчестер Јунајтед.
Англискиот гигнат побара Јувентус во текот на позајмицата да ја исплаќа целата плата на Санчо која изнесува десет милиони евра, додека „старата дама“ беше спремна да му даде половина од таа сума.
Покрај тоа италијанскиот тим не сакаше во договорот да има обврска за откуп на крајот од сезоната, па на крајот преговорите пропаднаа.
Како опција за англискиот фудбалер сега останува тимот на Челзи.