
Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер Виктор Муноз.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По одличната сезона во Осасуна, шпанскиот офанзивец Виктор Муноз направи трансфер на својата кариера. Oткако во младинските категории носеше дресови на Барселона, каде што е роден, а потоа и на Реал Мадрид, 22-годишникот сега се преселува во Ливерпул.
Иако минатите денови беше во преговори со Њукасл Јунајтед, на крајот заврши на Енфилд. Вечерва сè беше потпишано и крилниот напаѓач е нов играч на Црвените.
Ливерпул ќе оддели 40 милиони евра за услугите на овој фудбалер. Дефинитивно направија трансфер кој никој не го очекуваше, а Шпанецот ќе потпише шестгодишен договор со англискиот великан.
Виктор Муноз беше дел од прочуената Ла Масија. Ја напушти во 2017 година, престојуваше во екипата на Дам, пред како 18-годишник да пристигне во Реал Мадрид.