
Доминик Ливаковиќ го одбрани пеналот на Хари Кејн. Лука Модриќ невнимателно го соборува Нони Мадуеке во казнениот простор, а Клемен Турпин покажува на 11 метри.
Хари Кејн очекувано ја презема одговорноста. Ливаковиќ го брани ударот, но ВАР вели дека хрватскиот голман не беше со барем една нога на гол-линијата.
Пеналот сепак оправдано се повтори. Хрватскиот голман навистина беше надвор од линијата пред ударот на англискиот напаѓач. И да беше Ливаковиќ на линијата, Јошко Гвардиол влезе порано во казнениот простор и пеналот ќе се повтореше.
Хари Кејн го промаши пеналот #ENGCRO pic.twitter.com/IcszGvJebx
— Clinch 7 🇵🇹 (@ClinchRMCF) 17 јуни, 2026