Дома Фудбал Шок во Торино: Спалети може да си замине!

Шок во Торино: Спалети може да си замине!

Јувентус претрпе пораз на домашен терен од Фиорентина, и нивната судбина повеќе не е во нивни раце. Пред последното коло, тие зависат од други тимови за да се обезбеди место во Лигата на шампионите од италијанската Серија А.

Четирите тимови со најдобар пласман одат во најелитното натпреварување, а Јувентус е моментално на шестото место и ќе чекаат грешка од Кому, Милан и Рома. Покрај тоа, потребно е да го поразат Торино во недела во 20:45 часот.

Ако не успеат да се најдат меѓу најдобрите четири, Спалети нема да остане на чело на тимот.

Ова го пренесуваат италијанските медиуми, додавајќи дека постојат тензии и со директорот Комоли, што влијае на неговата крaјна одлука. Можно е овој понеделник да го потврди своето заминување.

„Ла Стампа“ известува дека Спалети категорично решил дека во случај да не се пласираат во топ 4, ќе поднесе оставка, но сепак постои можност управата да не ја прифати неговата оставка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ одреди цена од 70 милиони евра за бараниот од Ливерпул Мбаје

Двократниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен е подготвен да се раздели со младиот …