
Фудбалерите на Гана ја совладаа Панама со минимален резултат (1:0) во првото коло на групата Л на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во групата каде што се наоѓаат Англија и Хрватска, двата тима беа свесни за значењето на овој меч, но првото полувреме помина во претпазлива и затворена игра со малку вистински шанси.
Панама веќе во втората минута можеше да постигне водство. По уфрлената топка во казнениот простор, Сесилио Вотерман ја фати топката од полуволеј, но голманот на Гана Лоренс Ати Зиги одлично реагираше и ја зачува мрежата.
Гана, која квалификациите ги заврши како првопласирана во својата група, продолжи да ги покажува проблемите од подготвителниот период, за време на кој не оствари ниту една победа во шест пријателски натпревари. “Црните ѕвезди” во првиот дел од играта создадоа само една шанса, кога Марвин Сеная шутираше непрецизно.
Во 95-та минута Томас-Асанте проби по левата страна, влезе во казнениот простор и несебично го додаде топката на Кајлеб Јиренкиа, кој од неколку метри ја погоди празната мрежа за голема радост на репрезентацијата на Гана.
— ОвоОно (@OvoOnoX) June 18, 2026