Дома Фудбал Реал Мадрид го потврди и третото засилување од почетокот на Мундијалот!

Реал Мадрид го потврди и третото засилување од почетокот на Мундијалот!

Реал Мадрид официјално го објави пристигнувањето на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате, кој потпиша договор со шпанскиот клуб до 30 јуни 2030 година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конате ќе и се приклучи на Реал како слободен играч по истекувањето на неговиот договор со Ливерпул, и ќе биде значително засилување за одбранбената линија на мадридскиот гигант.

Францускиот репрезентативец во претходните сезони беше клучен играч во одбраната на Ливерпул, но одлучи да не го продолжи договорот со клубот од Енфилд.

Одлуката на Реал Мадрид за ангажирање на 27-годишниот стопер е дел од нивната долгорочна стратегија за зајакнување на тимот со играчи кои можат да бидат носители на играта во иднината.

Конате претходно играше за Сошо и Лајпциг, пред да премине во Ливерпул во 2021 година. За клубот од Енфилд тој одигра над 130 натпревари во сите натпреварувања.

Французинот ќе биде уште едно засилување за одбраната на Реал Мадрид, кој во текот на преодниот рок работеше на освежување на дефанзивната линија, каде што се приклучија веќе и Марк Кукуреља, а наскоро се очекува и официјализацијата на Дензел Дамфрис.

Вчера пристигна и Бернардо Силва, а се чини дека Реал тука нема да застане…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресуд…