Дома Фудбал Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресудниот момент за водството се случи кога Хари Кејн успешно реализираше повторен пенал. Англискиот капитен го надмудри хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ од вториот обид, откако првиот му беше сопрен, но ВАР интервенираше, пишува BBC.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По прекршокот на Лука Модриќ над Нони Мадуеке, Кејн пристапи кон изведување на казнениот удар, но Ливаковиќ ја прочита неговата намера. Сепак, ВАР потврди дека хрватскиот голман предвреме ја напуштил гол-линијата, и ударот беше повторен. Ситуацијата погледнете ја од 1:00 на снимката ОВДЕ. “Гледајќи ги снимките, забележав дека често го напушта голот, па знаев дека ако застанам пред ударот, ќе го натерам да излезе од линијата”, изјави Кејн за BBC.

“Бев речиси 80 проценти сигурен дека беше надвор од линијата, не сто проценти, но на повторниот пенал ја променив техниката. Затоа вршам истражување, и конечно тоа се исплати одлично.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teнзии во Швајцарија: Соиграчи биле бесни на Џака? Ова може да е голема шанса за БиХ!

Пред средбата со Босна и Херцеговина, во таборот на Швајцарија се зголемуваат тензиите пор…