Дома Фудбал Уапсен е Илчо Ѓорѓиоски!

Уапсен е Илчо Ѓорѓиоски!

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, во координација со Министерството за внатрешни работи и Финансиската полиција, денеска се спроведува акција на повеќе локации низ државата, при што се вршат претреси, а во таа акција уапсен е и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, објави „Телма“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Против него, како што е познато, уште во 2019 година била поднесена кривична пријава за наводни дела поврзани со даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги, за време на неговото раководење со Фудбалската федерација на Македонија.

Во пријавата било наведено дека се прикажувани неточни податоци во завршната сметка и дека не бил платен данок на добивка, со што, според тогашните наводи, Фудбалската федерација се стекнала со противправна имотна корист од 1.680.912 денари, со што бил оштетен државниот буџет.

Од надлежните институции засега нема официјални дополнителни информации за акцијата.

Ќе потсетиме пред два месеци уапсен беше и Муамед Сејдини кој беше претходниот на сегашниот претседател Масар Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл во Мадрид: Реал тргна по најголемиот клупски трансфер во историјата!

Големи вести пристигнуваат вечерва од Мадрид. Реал тргна по ѕвездата на Челси, Енцо Фернан…