Дома Фудбал Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2026.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот, кој веднаш по ждрепката беше посочен како еден од најинтересните од групната фаза на турнирот, ги оправда очекувањата, но „трите лава“ беа подобриот тим, особено во второто полувреме, и заслужено ги земаа трите поени на „АТ&Т Стадион“ во Арлингтон, Тексас, во првиот судир од група „L“. Хари Кејн ги изведе „трите лава“ во водство во 12-та минута, кога беше прецизен од пенал.

Неговото прво изведување беше спасено од Ливаковиќ, но по интервенцијата на ВАР, 11-метарскиот казнен удар беше извршен повторно. Мартин Батурина израмни во 36-та. Кејн, сепак брзо ја врати предноста на Англичаните, откако во 42-та минута беше прецизен со глава. Петар Муса израмни по втор пат во додаденото време на првото полувреме. Англија поведе по трет пат во 47-та минута, кога по извонредна соло акција, Џуд Белингам направи 3:2.

По тоа, тимот на Томас Тухел создаде низа од многу добри шанси, но Доминик Ливаковиќ направи исклучителни одбрани. Маркус Рашфорд го оформи конечниот резултат во 85-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Себаљос и Реал се договорија: играчот од средниот ред си заминува како слободен агент, бидејќи не е сакан од Мурињо

Дани Себаљос го напушта Реал Мадрид како слободен агент, откако се откажа од последната го…