Дома Фудбал Maртинез за Роналдо: Како да го заменам најдобриот стрелец во историјата?

Maртинез за Роналдо: Како да го заменам најдобриот стрелец во историјата?

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, ја отфрли критиката во врска со улогата на Кристијано Роналдо по неуспешниот почеток на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мартинез застана во одбрана на одлуката капитенот да остане на теренот сите 90 минути во натпреварот што заврши со нерешен резултат 1:1 против репрезентацијата на ДР Конго.

Во Хјустон, Роналдо не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот, што го продолжи неговиот период без постигнат гол на пет последователни натпревари на Светските првенства и вкупно на десет натпревари на големите репрезентативни турнири.

Искусниот напаѓач (41) нема гол на Светско или Европско првенство од јуни 2021 година, но Мартинез смета дека не е реално кога на репрезентацијата ѝ треба гол тој да оди на клупата..

“Нема смисла да го извадите од игра најдобриот стрелец во светскиот фудбал кога ви требаат голови”, изјави Мартинез.

Роналдо е најдобриот стрелец во историјата на португалската репрезентација со 143 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен е Илчо Ѓорѓиоски!

Под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,…