Фудбалерот на Ница, Алексис Бека Бека, бил подготвен да скокне од мостот Мањан висок 110 метри, откако неговата девојка го оставила, но за среќа сѐ завршило добро.
Имено, фудбалерот во еден момент веќе бил на оградата однадвор подготвен да скокне и да си го одземе животот. Но, спасувачката операција била успешна бидејќи сите брзо реагирале.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
На лице место пристигнале професионални преговарачи, додека Ница испратила и психолог да му помогне во оваа ситуација.
„На сите ни е олеснето што денеска сѐ добро заврши за Алексис. Тој е безбеден и згрижен. Ќе продолжиме да ја почитуваме медицинската приватност и бараме од сите да ги почитуваат правата за приватност на нашиот фудбалер. Тука сме да му помогнеме, сите ние во клубот“, соопштија од клубот.