Дома Фудбал Ѕвездата на Шпанија објави фотографија по операцијата, потврди дека не оди на Мундијалот

Ѕвездата на Шпанија објави фотографија по операцијата, потврди дека не оди на Мундијалот

Фермин Лопез, офанзивниот играч за врска на шампионот на шпанската лига, Барселона, потврди дека ќе го пропушти Светското првенство оваа година, кое започнува на 11 јуни. Причината е скршеницата на коската во десното стапало, која ја доби минатиот викенд во победата од 3:1 против Бетис. Веќе му беше извршена и операција.

Лопез оваа сезона има постигнато 13 голови и 17 асистенции во сите натпревари, и речиси беше сигурно дека ќе биде вклучен во списокот на шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, кој ќе биде објавен во понеделник. Вредноста на Лопез, според Трансфермаркт е проценета на 100 милиони евра.

“Операцијата помина добро и веќе со нетрпение го очекувам моето враќање на теренот, посилен и физички и психички. Животот и фудбалот може да бидат сурови, но мораме да ги прифатиме како дел од нашиот пат. Сега е време да ја поддржувам репрезентацијата од удобноста на мојот дом”, изјави Лопез, кој е производ на академијата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебитираше пред четири години, сега се враќа во репрезентацијата на Македонија!

По добрите настапи во дресот на Вараждин Марио Младеновски се враќа во репрезентацијата на…