Жан Клер Тодибо (24) стоперот на Ница и од неодамна француски репрезентативец е блуску до трансфер во Премиер лигата каде што го сакаат Манчестер Јунајтед и Челзи, пренесуваат островските и француските медиуми.
Тодибо зад себе има одлични настапи во француското првенство каде што Ница е на второт оместо, а до декември овој тим имаше најмалку примени голови. Токму затоа и не е изненадување интересот од англиските гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За потенцијалниот трансфер на Тодибо пишуваат и шпанските медиуми каде што дефанзивецот привлекува внимание затоа што беше дел од Барселона.
Каталонците во 2019 година го купија од Тулуз за еден милион евра, но откако не се снајде замина по само пет одиграни натпревари за 8.5 милиони евра во Ница.
Тој трансфер се покажа како вистински потег затоа што успеа да ја „оживее“ својата кариера и сега е на чекор од голем трансфер кој би можел да изнесува 60 милиони евра.