Дома Фудбал Беше сметан за чудо од дете, а по обвинувањата за лажирање на годините ќе заврши во – Турција?!

Беше сметан за чудо од дете, а по обвинувањата за лажирање на годините ќе заврши во – Турција?!

Јусофа Мукоќо е 20-годишен напаѓач на Борусија Дортмунд кој моментално е на позајмица во францускиот клуб Ница. Оваа сезона таму постигна два гола и запиша две асистенции во 18 натпревари во сите натпреварувања. Мукоќо беше познат како едно од најголемите „чудо од дете“ во светскиот фудбал, но минатата година, на целата негова кариера беше фрлено големо сомневање.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во германскиот Билд се појави информација дека тој всушност е четири години постар отколку што покажуваат документите. Мукоќо е роден во Камерун, а како многу млад дојде во Германија каде за прв пат играше за У-16 репрезентацијата со само 12 години. Од самите почетоци се поставуваше прашање за неговите години бидејќи рушеше рекорд по рекорд.

Во 50 настапи во У-17 Бундеслигата запиша 83 погодоци и 14 асистенции, додека во 23 натпревари во У-19 Бундеслигата постигна 44 погодоци и 10 асистенции. Сепак, најновите информации сугерираат дека нема 20, туку 24 години. Иако во дресот на Борусија стана официјално најмладиот стрелец во Бундеслигата некогаш, не успеа да се наметне во првиот тим.

По 99 настапи и 18 гола минатото лето беше испратен во Ница, а најновите информации од турскиот новинар Салим Манав говорат дека Мукоќо на лето би можел да премине во Бешикташ, ако Французите не ја искористат опцијата за откуп.

Многумина сметаат дека тоа би била неофицијална потврда дека и во Борусија веруваат дека напаѓачот всушност има 24 години и дека од него не може да се очекува голем напредок во иднина. Според Transfermarkt неговата вредност изнесува 18 милиони евра и во последните месеци постојано опаѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…