Дома Фудбал Полета во Барселона, па ја заборави измамата што ја направи: “Тука веќе никој не те сака”

Полета во Барселона, па ја заборави измамата што ја направи: “Тука веќе никој не те сака”

Нико Вилијамс ја измами Барселона минатото лето. Преговараше долго со каталонскиот клуб, во еден момент беше блиску до потпишување, но на крајот сепак одлучи да потпише нов договор со Атлетик од Билбао.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, година подоцна ситуацијата се смени. 23-годишникот сега сака да оди во Барса, но клубот не го сака него и тоа јасно му го порачаа.

“Нико Вилијамс сака во Барселона, но клубот сега кажа ‘не’. Играчот жали што минатото лето го одби повикот на Барса и сега сака да дојде”, велат извори блиски до каталонскиот клуб и дополнуваат:

“Меѓутоа, претседателот Жоан Лапорта му ги затвори вратите на клубот. Тој смета дека Нико го искористил името на Барса за да осигура подобар договор во Атлетик.”

Шпанскиот првак бара крилен играч. Вилијамс, дакле, не доаѓа предвид, а тука се три имиња кои се во игра. Можен е останак на Маркус Рашфорд, а се споменуваат Абде Езалзуоли и Бредли Баркола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус тргнува по потписот на Елмас!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и во новата сезона би можел да остане дел од итали…