
Еден од најголемите скандали во женскиот фудбал доби конечен епилог! УЕФА доживотно го суспендираше чешкиот тренер Петар Влаховски откако беа откриени страшни детали.
Поранешниот чешки селектор и долгогодишен тренер на словачката женска фудбалска репрезентација повеќе нема да смее да води ниту една екипа во Европа, а УЕФА побара забраната да важи на глобално ниво.
Според резултатите од истрагата, Влаховски помеѓу 2019 и 2023 година користел скриена камера која ја држел во ранецот за тајно снимање на фудбалерките при пресоблекување и туширање пред и по тренинзи и натпревари.
Вкупно се снимени 15 фудбалерки, меѓу кои и малолетна фудбалерка на само 17 години. Скандалот беше откриен уште во 2023 година, кога тренерот беше уапсен, а тогаш беше казнет со симболична одштета од 775 евра поради штета нанесена на фудбалерките. Но случајот доби многу посериозен епилог две години подоцна.